Маж прегазен и оставен мртов на автопат - МВР трага по возачот

Маж чија возраст не е позната бил пронајден вчера починат покрај коловоз на автопатот, откако бил прегазен од возило кое побегнало од местото на настанот.

Случајот ја вознемири јавноста, а надлежните органи веќе преземаат мерки за расчистување на трагедијата.

Според првичните информации, лицето починало на лице место од ударот.

Полициски службеници извршиле увид на локацијата, а надлежните служби работат на утврдување на сите детали, како и на идентитетот на жртвата и возилото што учествувало во сообраќајната несреќа.

- Денеска имаме еден таков случај. Згазен е човек, пронајден е човек на автопат, починат на лице место, потврди кусо министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во своето гостување во емисијата „На кавга со Иван“ на Канал 5 телевизија.

Се очекуваат официјални детали за несреќата од МВР во текот на денот.