Маж погоден со дијабола од воздушна пушка среде Центар

Во Секторот за внатрешни работи Скопје, З.С. вчера пријавил дека, додека се движел по ул. „Борка Талевски“ со една дијабола бил погоден во пределот на раката.

По преземени мерки било утврдено дека лицето кое пукало од воздушна пушка е Ѓ.С.(63) од Скопје, информираат од полицијата.

Тој бил приведен во полициска станица, а пушката била одземена.

По целосното расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.