Маж почина пред полетување на скопскиот аеродром

Маж починал во авион пред да полета на Меѓународниот аеродром Скопје, дознава МКД.мк од извори на аеродромот.

Починатиот патник тргнал на лет од Скопје за Цирих, но починал уште пред авионот да полета. Случајот бил веднаш пријавен, а причината поради која тетовецот починал дополнително ќе се утврдува, пренесе порталот.