Вчера во 14.00 часот во СВР Тетово, било пријавено од болницата во Дебар дека кај нив бил донесен 67-годишниот Ј.А. од село Скудриње, општина Маврово и Ростуше. Тој починал откако паднал од дрво додека собирал костени со неговата 53-годишна невенчана сопруга Џ.Б од Република Албанија.
Откако бил однесен во болницата, Џ.Б. ја напуштила болницата и во 17.10 часот била лишена од слобода на граничниот премин Џепиште во обид да ја напушти државата. Таа бил задржана во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка, соопшти СВР Тетово.