Маж од тетовско претепал полицаец - ќе одговара кривично

38-годишен жител на Општина Јагуновце доби кривична пријава поради физички напад врз полициски службеник кој вршел службени дејствија.

Како што се наведува во полицискиот билтен, СВР Тетово поднело кривична пријава против И.К.(38) од село Прељубиште, Општина Јегуновце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

На 16.08.2026 на булевар „Маршал Тито“ во Тетово, пријавениот физички нападнал полициски службеник додека вршел службени дејствија и му нанел повреда.