Маж од скопско повеќепати го тепал малолетниот сосед - се заканувал ѝ на неговата мајка

Малолетник од скопско во неколку наврати бил физички нападнат од соседот.

Како што се наведува во полицискиот билтен, ноќеска во 03:20 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена од скопско пријавила дека нејзиниот малолетен син, во неколку наврати бил физички нападнат од нивниот сосед Д.Т.

Тој исто така им упатил и закани.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.