Маж од скопска Шутка „ја киднапирал“ ќерка си

 

Маж од скопска Шутка ја одзел сопствената малолетна ќерка од мајката со која живеело детето. Случајот во полиција бил пријавен по полноќ. 

- Денеска (01.09.2025) околу 00:30 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, С.И.(24) од Скопје пријавила дека на 31.08.2025 пред нејзиниот дом во Скопје, нејзиниот поранешен вонбрачен партнер А.К. ја зел нивната малолетна ќерка и со патничко возило го напуштил местото, информираа од полицијата во дневниот билтен. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.