Маж од Скопје пријавил во полиција дека му се закануваат и навредуваат на Инстаграм

Во текот на вчерашниот ден во 11,50 часот  Б.Ј.(52) од Скопје пријавил дека на 7-ми, 16-ти и 17-ти август на неговиот Инстаграм профил му пристигнале пораки од непознато лице со навредлива и заканувачка содржина, информираат од МВР.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.