Маж од село во Новаци, работејќи во градината пронашол артилериска граната од Првата светска војна

Маж од село Долно Агларци, општина Новаци, работејќи во градината пронашол артилериска граната од периодот на Првата светска војна.

Како што се наведува во полицискиот билтен, синоќа во 20:14 часот во СВР Битола, С.Т. од село Долно Агларци, општина Новаци, пријавил дека при извршување работи во градината од неговиот двор пронашол стара граната.

Денеска, пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ја подигнал гранатата и констатирал дека се работи за артилериска граната со калибар 105 мм која потекнува од Првата светска војна.