Маж од Ресен менувал дел на трактор кога машината почнала да се движи наназад – скокнал, но добил тешки повреди

Вчера во Ресен се случи несреќа во дворот на една куќа.

Шеесет и тригодишниот Е.З. додека менувал дел на својот трактор „Фергусон“, машината ненадејно почнала да се движи наназад. За среќа, успеал да скокне, но тракторот се превртел и тој се здобил со тешки повреди.

Итно бил пренесен во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, каде му била укажана лекарска помош. Се работи на расчистување на околностите околу несреќата.