Вчеравечер околу 00:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во поликлиника Ѓорче Петров на бул.„Партизански Одреди“, Р.И.(47) од с.Кондово,скопско го нарушил јавниот ред и мир.
Мажот ги омаловажувал М.Б.(36) од Скопје и М.К., вработени како медицински лица во поликлиниката и им упатил закани по животот.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.