Маж од Кичево со пиштол му се заканил на свој сограѓанин

Маж од Кичево со пиштол му се заканил на свој сограѓанин.

На 22.09.2022 во 16.50 часот на ул.„Мехмед Мехмеди“ во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода А.Р.(68) од Кичево, затоа што претходно на локален пат во с.Грешница, кичевско, со пиштол му се заканил на И.Е.(68) од Кичево. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од полицијата.