Маж од Демир Капија со остар предмет се заканувал на неговата поранешна сопруга, а полицијата му пронашла и дрога.
- На 09.12.2024 во 02.50 часот, полициски лужбеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода Ѓ.Д.(46) од Демир Капија, постапувајќи по пријава од неговата 39-годишна поранешна сопруга од Демир Капија, дека пред нејзиниот дом ѝ се заканувал со остар предмет. Предметот бил одземен, а при преглед кај него била пронајдена и одземена растителна материја, соопштија од полицијата.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.