Маж нападнат од три лица пред спортска обложувалница во Скопје

Маж бил нападнат вчера пред скопска спортска обложувалница од страна на три лица.

Во 23:40 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, 42-годишниот И.Ц. од село Марино, скопско, пријавил дека истиот ден околу 23:20 часот пред спортска обложувалница во населбата Илинден бил физички нападнат од лицата Д.С., С.Д. и М.К., сите од населба Илинден.

Лицата се повикани во полициска станица и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.