Маж нападнат од синот во Шуто Оризари

 

Скопјанец пријавил во полицијата дека бил физички нападнат од сопствениот син. 

- На 28.01.2025 во 22.50 часот во СВР Скопје, 50-годишен маж пријавил дека околу 22.30 часот во дворот од семејна куќа на подрачјето на Шуто Оризари бил физички нападнат од својот син К.Р.(28) од Скопје, известија од полицијата. 

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.