Маж нападнат од две лица во Скопје

Во текот на вчерашниот ден во 20,00 часот во Полициска станица Гази Баба, Д.Ј.(42) од Скопје пријавил дека во 19,40 часот на улица “Вера Радосављевиќ” бил физички нападнат од страна на две непознати машки лица, информираат од МВР.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.