Маж нападнал жена со која претходно бил во врска

На 25.05.2022 во 03.50 часот во Полициската станица Аеродром, 49-годишна жена од Скопје пријавила дека на булевар „Јане Сандански“ била физички нападната од М.Т.(51) од Скопје, со кого била во врска.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.