Маж извршил полов напад врз 12-годишно девојче од Скопје

Скопјанка синоќа пријавила дека во текот на денот, како и во периодот од 10 до 21 декември, непознат маж во неговиот стан извршил полов напад врз нејзината 12-годишна ќерка.

МВР информира дека додека нејзината ќерка одела и се враќала од училиште, непознатиот во повеќе наврати го викал девојчето во неговиот стан и го допирал по телото.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот.