Маж искасан од кучиња скитници на Плоштад Македонија

Четириесет и деветгодишен скопјанец е најновата жртва на глутницата од скопскиот плоштад. Во полициската станица во Центар, В.Г. пријавил дека на 1 октомври околу 10,00 часот на Плоштадот „Македонија“ бил каснат од куче за десната потколеница.