Маж искасан од две улични кучиња во Скопје

Вчера, околу 11:45 часот, 63-годишниот Ж.П. од Скопје пријавил дека истиот ден околу 11:30 часот, додека се движел на улицата „Февруарски Поход“, бил нападнат од две кучиња скитници. 

Едното од нив го каснало во пределот на задниот дел од левата нога при што му била нанесена видлива повреда со крварење.

Нападнаиот сам отишол во Инфективната клиника при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му била укажана лекарска помош.