Маж и жена од Неготино украле околу 30.000 евра од дом на брачен пар, со парите си купиле и дрога

На 07.08.2025 во 22:10 часот полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода 36-годишната Ц.Н. и Д.Н.(50), двајцата од Неготино, поради основано сомнение дека извршиле кражба, при што одзеле околу 30.000 евра од домот на брачен пар од Неготино.

Со судска наредба бил извршен  претрес во нивниот дом, каде биле пронајдени и одземени 2320 евра, за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражбата. Додека, денеска (08.08.2025) со судска наредба, бил извршен и претрес во домот на 62-годишната З.Т. и Т.Т.(34) од Неготино, мајка и брат на Ц.Н., при што во просторија  каде живеела нејзината мајка биле пронајдени и одземени 2485 евра, за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражбата, зелена растителна материја, таблети екстази и бела прашкаста материја, информираат од МВР.

Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.