Маж бил физички нападнат додека делел програма за референдумот

Триесет и седумгодишен маж пријавил во полициска станица дека бил физички нападнат додека делел програма за референдумот, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според пријавата, нападот го извршил извесен В.М. (54) од Скопје, а до инцидентот дошло на улицата „Палмиро Тољати“, вчера попладне.

МВР соопшти за уште еден случај поврзан со престојниот референдум, кога .Љ.Т. од Кисела Вода пријавила дека пред згарада  на улицата „Локов“ имало расфрлана хартија на која биле испишани заканувачки содржини во врска со референдумот.

Полицијата презема мерки за расчистување на случаите.