Две лица се повредени во сообраќајка што се случила среде ноќ на скопски булевар.
Денеска во 03.00 часот во СВР Скопје e пријавено дека на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, Г.М. (54) од Скопје управувајќи патничко возило „мазда“ изгубил контрола над возилото кое излетало надвор од патот, при што се превртело. Во несреќата Г.М. се здобил со тешки телесни повреди додек неговиот сопатник М.М (43) се здобил со телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.