„Мазда“ прегази двајца велосипедисти, едниот загина на лице место

Во тешка сообраќајка во која автомобил удрил велосипедисти која се случи попладнево на обиколницата во Скопје кај клучката во Радишани едно лице загина, а има и повредени.

Од МВР за МИА информираа дека во 15:48 часот е пријавено дека на обиколница, после клучка Радишани во правец кон Тетово се случила сообраќајна несреќа во која возило „мазда“ со скопски регистерски таблички управувано од Р.Р. (63) удрило во двајца велосипедисти – А.Ш., кој починал на лице место и А.П., кој се здобил со повреди и со возило на Итната медицинска помош е пренесен во ургентен центар „Мајка Тереза“.

Полициски екипи во моментов вршат увид на место на настанот.