Маврово утре официјално ја отвара ски сезоната, скијањето во текот на целиот ден ќе биде бесплатно

Маврово утре официјално ја отвара ски сезоната. Скијањето како што известуваат од ски-центарот утре во текот на целиот ден ќе биде бесплатно.

Она што е новитет во оваа нова скијачка сезона е што скијачкиот центар Маврово има потпишано договор со скијачките центри во Србија да можат бесплатно да скијаат со ски карта што е купена во Македонија или во Србија.

„Со сезонската ски карта од ски центарот Маврово за сезонава 2025 ќе можете да скијате бесплатно низ следните ски центри:

- Олимписки центар Јаxорина (два последоватени дена)
- Скијалишта Србије- Копаоник, Торник (Златибор) и Стара Планина (три последователни дена)
- Олимписки центар Бјелашница и Игман (три последователни дена)
- Скијалишта Црне Горе- Колашин 1600 (три последователни дена)

„За користење на услугата, сопствениците на сезонските ски карти за сезона 2024/2025 треба да ја активираат нивната карта на билетара и да подигнат ваучер пред да се упатат во одбраниот ски центар“, се вели во соопштението.