Матурантите викендов ќе слават матура традиционално

Матурантите, по две пандемиски години, се подготвуваат за традиционално прославување на матурата за крај на своето средно образование. 

Со оглед дека две години, поради ковид-мерките, прославите беа забранени, годинава на задоволство на средношколците, но и професорите, ќе се слави во кафеани и ресторани, со музика, без дистанца и маски. 

-Подготовките се речиси завршени. Имаме резервирано ресторан каде ќе свири познат музички бенд. Верувам дека и учениците се подготвени за матурската вечер која несомнено со нетрпение ја очекуваат. Тоа се моменти кои се паметат цел живот и убаво е да се собереме да прославме во име на четиригодишното другарување и учење, вели професорка од еднос скопско средно училиште. 

Како по традиција матурските прослави секогаш се синоним за раскошни стајлинзи на младите, луда целовечерна забава на целата генерација, но и помалку носталгија за убавите денови и неизвесност од идината. 

Во петок во Скопје на пладне ќе се одржи „Матурската парада“ Плоштадот „Македонија.

Покрај скопските матуранти оваа година на „Матурската парада“ ќе учествуваат и нивните врсници од триесетина градови во Словенија, Словачка, Унгарија, Србија, Црна Гора.