Матни и сомнителни зделки го тресат ЈП „Водовод и Канализација“

Се погласни се шпекулациите дека мала ПР агенција од Скопје, без никакво искуство во маркетинг ќе биде одговорна за маркетинг активностите во јавното претпријатие „Водовод и канализација“, пишува денес Курир.

Тендерот кој го има објавено јавното претпријатие јасно кажува дека договорниот орган однапред фаворизира компанија која воопшто не работи услуги кои се наведени во тендерската документација.

Во маркетинг круговите се погласни се шпекулациите дека веќе однапред се знае која агенција ќе го добие бизнисот тежок 25 илјади евра. Агенцијатa, наводно била блиска до висок функционер на власта, познат по голем број тендери и договори, во изминатиот период склучила голем број договори со јавни институции и со тоа инкасирала неколку стотици илјади евра, голем дел од нив за фиктивни и нереални услови, пренесува порталот.

Јавното претпријатие има објавено голема листа на услуги кои потенцијалната агенција ќе треба да ги извршува без да прецизира фрекфенцијата и количината на услуги кои треба да се извршат. Според познавачите ова е типичен пример на фаворизирање на фирма која треба да го добие бизнисот.

На листата на критериуми кои треба да ги исполнува економскиот оператор наведено дека компанијата треба во изминатите две години да соработувала со јавно претпријатие, а во последната година да имала склучено договор со јавно претпријатие со слична дејност како таа на „Водовод и канализација“ со што јасно се фаворизира агенција која во изминатиот период на друг начин остварила соработка со ЈП „Водовод и канализација“.

Истовремено претпријатието бара економскиот оператор да располага со специфичен кадар кој подолг време работи во агенцијата и еден од условите е кадарот да познава албански, а не англиски јазик. Дополнително, потребно е агенцијата да биде дел од меѓународна мрежа и истото да го докаже со соодветен сертификат, се вели во објавата.

Познавачите на проблематиката коментираат дека ниту еден од условите не е неопхеден за квалитетно извршување на работите, туку само се стеснува просторот на конкуренцијата и истовремено се фаворизира економски оператор со кој веќе претходно е договорена соработка.