Матични лекари одат во пензија или во странство, а сестрите остануваат без работа – бараат посебен закон кој ќе ги заштити

Матични лекари одат во пензија или во странство, а сестрите остануваат без работа. Од Унијата на здруженија на медицински сестри бараат државата со закон да го заштити овој обучен здравствен кадар и кога ќе им завршат договорите.

Зад ова стојат околу 800 сестри кои се нивни членови, а стотина ќе завршат на улица. Инсистираат да им се овозможи на средно медицинскиот перонал од кај концесионерите да може да се врати во јавното здравство. Последниот случај кој го посочија од здружението “За нас” е дека сестра останала технолошки вишок зошто докторот го укинал работното место медицинска сестра и и исплатил неколку опремнини. Законот кој ги штитеше повеќе не е на сила.

-Сестрите не ги заштитува ниту колективниот договор ниту законот за здравствена заштита, изјави Гордана Бешлиовска, координатор на Унијата на здруженија на медицински сестри, акушерки и техничари.

-Повеќе од сестрите сакаат да се вратат во ЈЗУ. Лошиот третман од концесионерите е најголемата причина, изјави Снежана Спирова, координатор на медицински сестри кои работат кај концесионери.

Од министерството за здравство на прашањето на Сител одговорија дека е прифатено барањето на медицинските сестри кои работат или работеле во ПЗУ да можат да се вратат во ЈЗУ.

-Законските измени во моментот се во владина процедура, стои во писмениот одговор од МЗ