Матевски за „Студио 10“: Имаме наставници што одат надувани или пијани на час секојдневно

-Имаме наставници фатени со дрога, но не зборуваме дека имаме наставници што одат надувани или пијани на час секојдневно. Отсекогаш сме алармирале дека има проблем во образовните институции. После семејството, најконзервативна институција се образовните институции. Тие ги штитат и културните и цивилизациските вредности и секако морланите вредности. Но, тие не се однесуваат во рамките на задачата што ја имаат, заштита на културните вредности, вели за „Студио 10“ професор Зоран Матевски.

- Во образовните институции има дупли процес, образование и воспитание. Исто како и во семејството. Не можете да ги воспитувате децата ако не го правите тоа преку свој пример. Ако земате рекреативно дрога, а зборувате дека тое е штетно во тој случај не сте вистинскиот пример. Во образовните институции влагаат некои работи што не смеат да влезат. Денови како ноќ на вештерките, и слични во ниедни училишта не се случуваат. Образовните институции се клучни. Професијата наставник не е професија како секоја друга во администрација. Треба да имате и талент и да имате и морални вредности во себе како морална должност. Мора да ставиме крај на партиските вработувања во образованието, вели Матевски.