Материјалниот успех не е мерило за твојата вредност

Живееме во свет во кој на материјалниот успех често му да се дава предност над други вредности како чесноста, добрината, љубезноста. Кога луѓето не се вреднуваат себеси по своето однесување, туку според статусниот симбол кој го стекнале, тогаш тие не се само плитки, туку веројатно ги искористуваат и другите за да го достигнат посакуваниот материјален статус.

Мудриот Ентони де Мело тоа многу убаво го има кажано:

„Оваа личност се грижи само за тоа што ќе кажат децата, соседите, брачниот партнер. Размислува за тоа дека требало да биде славна личност. Нашето општество и култура деноноќно ни го бутаат тоа во главите. Успешни луѓе! Во што успеале? Успеале да направат магариња од себе, затоа што целата енергија ја потрошиле на добивање нешто безвредно. Уплашени се, збунети, обични марионети, како сите други.

Погледнете како се прчат. Погледнете како се вознемируваат ако кошулата има дамка. Тоа вие го нарекувате успех? Со нив се управува, манипулира. Тоа се несреќни, мизерни луѓе. Тие не уживаат во животот. Цело време се напнати. Може ли тоа да се нарече човек? Но, знаете зошто се случува тоа? Постои само една причина: Тие се поистоветуваат себеси со некаква етикета. Тие своето јас го поистоветуваат со своите пари или професија. И тука погрешиле.

Среќата е нашата природна состојба. Среќата е природната состојба на малите деца на кои им припаѓа сето богатство на овој свет, додека општеството и културата не ги расипат со своите глупости. За да остварите среќа, не мора да направите ништо, затоа што среќата не може да се стекне. Ние веќе ја поседуваме. Како можете да стекнете нешто што веќе го имате? Тогаш зошто не ја доживувате? Затоа што морате да отфрлите нешто. Морате да ги отфрлите илузиите. Не морате ништо да додадете за да бидете среќни, вие морате да отфрлите нешто. Животот е опуштен, животот е прекрасен. Тежок е само за вашите илузии, амбиции, алчност и копнежи.“

Не можеме да бидеме вистински среќни и да мериме успех според материјалните работи, затоа што тоа само по себе е неуспех.