Матеј “БигСлав” Џајковски е првиот Македонец кој работел на #1 албум на Apple Music

Матеј “БигСлав” Џајковски, кој веќе подолго време успешно работи во Лос Анџелес како музички продуцент, работеше на албумот на групата “FLO” насловен “Access All Areas” кој дебитираше на #1 местото на Apple Music во Соединетите Американски Држави и Велика Британија. Тој ја продуцираше песната насловена “On & On” која веќе станува фаворит oд албумот. Ова е негов прв #1 албум на кој има работено и со тоа пишува историја како прв Македонец со ваков успех!

Британската Р’н’Б група и сензација FLO првпат се појавија на сцена во 2022 година, потпишувајќи договор со познатата издавачка куќа Island Records/Universal Music. Набргу потоа следеше соработка со Missy Elliot, беа номинирани за Brit Awards, MTV VMA Аwards..како и врвни настапи на Coachella и Glastonbury Festival.

“Access All Areas” албумот е достапен на сите стриминг платформи, во меѓу време ѕирнете на инстаграм профилот на Матеј.