Мате Габор: Како стресот влијае на нашето тело и здравје?

Ако сте меѓу оние кои досега не го откриле Габор Мате, продолжете да читате.

Photo by Ben White on Unsplash

Дел од неговите книги се преведени на многу јазици, а една од нив „Кога телото вели не“ може да се најде и на македонски јазик. Во текот на својата кариера, Габор се занимавал со семејна пракса, психотерапија, а обрнува и посебно внимание на детскиот развој, траумите и нивното влијание на нашето емоционално и ментално здравје.

Денеска, тој е познат како автор и говорник. Она што е најважно е дека неговите верувања и книги се базираат на тоа дека голем дел од здравствените проблеми, но и зависности во животот, се базираат на траумата. Тој вели дека е важно да бидеме способни да ја препознаеме траумата. Објаснува дека бегањето од болката не е вистинскиот избор, бидејќи нашето тело не може да се носи со сиот тој стрес, ако не обрнеме внимание.

Во своите книги, Мате посочува дека истражувањата идентификуваат три фактори кои придонесуваат кон стресот: неизвесност, недостаток на информации и недостаток на контрола. Според него, срамот е една од најдлабоките емоции со што правиме сè што можеме за да го избегнеме таквото чувство во животот. Но, за жал, нашиот постојан страв од срамот ја нарушува нашата способност да ја видиме реалноста.

Ако сакаме да се излечиме вели тој, од суштинска важност е да започнеме да ја менуваме биологијата на верување која е вкоренета многу рано во нашиот живот. Важно е да знаеме дека какви надворешни методи да применуваме, средството за исцелување е одвнатре. Но, клучно е што голем дел од нас живеат ден за ден, без волја или способност да препознаат што носат во себе и ги потиснуваат своите најдлабоки потреби.

Не постои вистинска одговорност без препознавање на моменталната ситуација, вели тој.