Масовно скокање на јаже на плоштад Македонија

Денеска на градскиот плоштад, од 19 часот до 21 часот ќе се одржи Масовно скокање на јаже каде што ќе присуствуваат голем број на граѓани.

Секој оној кој сака да се забавува согорувајќи калории може да присуствува на овој интересен настан, а јажиња ќе бидат бесплатно обезбедени за сите. 

Целта на овој настан е да се активира свеста за активен и здрав живот преку едноставна и интересна вежба – скокање на јаже. Без ралика на физичката подготвеност, секој ќе може да одговори на овој предизвик, подобрувајќи ја кондицијата, координацијата и активирањето на целото тело.

Настанот ќе го водат Жарко Батиќ, Елена Бубало, Даниел Трбогазов и Јасна Пилатес кои на практичен начин ќе покажат дека фитнесот е насекаде околу нас и постојат безброј начини да останеме во форма.