Масовно чистење на сите скопски општини

ЈКП "Гази Баба 2007“ ги информира жителите на оптината Гази Баба дека по повод Светскиот ден на чистењето, заедно со ЈП Комунална Хигиена Скопје, во сабота 21.09.2019 ќе започне масовна акција за генерално чистење на сите скопски општини, меѓу кои и општина Гази Баба.

Во рамките на акцијата, од сабота 21.09.2019 до вторник 24.09.2019, во секоја Општина ќе бидат поставени по три специјални садови во коишто граѓаните ќе можат да го одлагаат кабастиот отпад - стариот мебел и отпадот од електронската и електричната опрема. На територија на Општина Гази Баба, истите ќе бидат поставени во населба Железара на последната Автобуска станица со број 16, во населба Автокоманда кај старата продавница на Центро и во населба Ченто на ул.Маџари спроти Ресторан Далиа (Стар Ханибал).

Исто така акцијата ќе опфати и отстранување на сите графити со навредлива содржина, коишто промовираат говор на омраза, верска и етничка нетолеранција.