Масовните собири за Водици нема да се ризик за ширење на вирусот, сметаат експертите

Следната недела, односно на 19. јануари, се слави верскиот празник Водици,кога верниците ќе се групираат за да го проследат чинот на осветување на водите низ цела Македонија. 

Колку овие собири, иако се на отворен простор, може да бидат ризик за ширење на корона вирусот?

 Директорот на Институтот за имунобиологија и хумана генетика при Медицинскиот факултет на УКИМ, Александар Петличковски и микробилогот, професот Д-р Никола Пановски се согласни дека вирусот на отворено не е опасен.

Сметаат дека групирањата за Водици нема да донесат пораст на кривата на инфицираност ако се почитуваат личните заштитни мерки.

-Тоа е работа на Комисијата за заштита од заразни болести. Сепак групирањата надвор не се опасни. Мислам многу помалку, 20 пати помалку опасни од групирањата во затворен простор. Така да во однос на тоа што се одвиваше и се дозволи за Нова година, нема логика сега да кажуваме што треба а што не треба, кога тоа се дозволи би било малку контрапродуктивно. Веќе ризикот е многу помал, вели Д-р Пановски за порталот „Лидер“

-Има сега некои нови струдии кои кажуваат дека на воздух надворешен, вирусот живее минути, 5, 10 минути. Што значи дека шансите за заразување на отворено апсолутно не се големи. Мерките и таму каде што беа многу ригорозни, од следење во влез на аеродроми , дизинфициорање, немаа голема ефикасност. Не спречија Омирон да стане доминантен секаде каде што влезе. Така што мислам дека освен личните заштитни мерки, носење на маски, избегнување на гужва, држење на дистанца, нема поефикасни мерки кои може да го забават ширењето. И во тој смисол не мислам дека нешто би се сменило со ограничување на собирањето на отворено. За ограничување на затворено мислам дека треба да се размислува на тоа да се намали бројот на лица присутни во затворен простор, вели д-р Петличковски во изјава за истиот портал.