Масовна тепачка во скопско

„Вчера околу 00.05 часот во СВР Скопје, С.А.(51) од с.Јурумлери, скопско, пријавил дека на ул.„12" во с.Јурумлери, по претходна расправија, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Н.А.(23), Ф.И.(40), Т.И.(18), З.А.(56), од една страна, и С.А.(51) и Џ.А.(32), од друга страна, сите од с.Јурумлери“, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.