Маслото од канабис во аптеките - достапни 4 лекови

На пазарот во Македонија за медицински цели се достапни четири различни видови формулации за лекови од канабис. Како што истакна министерот за здравство Никола Тодоров, се работи за препарат на коноп за четири индикации, за малигни заболувања, мултиплекс склероза, ХИВ и тешки епилептични симптоми.

- Овие лекови се издаваат само со препорака од стручно лице и медицински надзор, истакна Тодоров.

Докторите од Македонија денеска разменуваат искуства за употребата на канабисот во медицински цели, заедно со своите странски колеги.