Маслото од канабис фаќа прашина по аптеките, цената превисока за обичниот граѓанин

Помина повеќе од пола година откако државата го дозволи производството и продажбата на маслото од канабис. Научно докажано, делотворното масло за третирање на низа болести стана достапно во аптеките низ Македонија, бранувајќи ја јавноста која имаше поделени мислења. 

Одлична иницијатива на властите која генерално беше позитивно поздравена од страна на јавноста, но секако имаше поделени мислења. Скепсата во тој поглед произлегуваше повеќе од техничкиот аспект на тоа кој ќе го произведува и како ќе се дистрибуира, што се покажа како доста комплицирано подоцна. Во секој случај, маслото од канабис, една од најпопуларните работи кои алтернативната медицина ги препорачува последните неколку години се најде на полиците на аптеките низ Македонија. 

Пола година подоцна, според истражувањата на извесна невладина организација, може да се забележи дека цената на истото го прави недостапно за просечниот македонски граѓанин. Фармацефтската компанија која го има монополот на производство на лекот се решила цената да ја постави на ниво кое очигледно е недостапно за граѓаните, па наместо алтернативен лек, маслото од канабис, во моментов има статус на луксуз. 

Резултатот кој се јавува од оваа ситуација е тоа што се повеќе луѓе се решаваат да го произведуваат самите или да го набават од некоја од соседните земји, нелегално. Покрај високата цена, некои пациенти се жалеа на ниската ЦБД вредност на маслото, кој всушност е главниот елемент кој го прави маслото од канабис лековито. Домашно производство е комплициран и скап процес, да не споменуваме дека е нелегален, барем сеуште. 

Познати се примери на луѓе кои заминале во соседните држави, градови на само 80-тина километри од Скопје, каде проверено се произведува и продава квалитетно масло.