Масло од ленено семе – зошто треба да е дел од нашите дневни навики?

Ова е едно од најлесно достапните масла, а одлично за нашето здравје.

Лененото семе е богато со влакна, протеини, магнезиум, манган, фосфор, селен, фолна киселина, витамини Б1 и Б6 и секако омега 3 масни киселини. Тоа се смета за еден од најбогатите извори на овие масни киселини кои се познати или како алфалинолеински (АЛА) киселини.

Ленот ни помага да го подобриме варењето, ја чисти кожата, го намалува холестеролот, го намалува апетитот, го одржува нормалното ниво на хормони, помага во борбата против одредени видови рак, а помага и кај намалувањето на телесната тежина.

Квалитетното ленено масло се добива со цедење на нелупени, сирови семиња лен. Најдоброто нешто кај ова масло е флексибилноста во начинот на употреба. Доколку почнете да го конзумирате, одлично е на почеток да го користите во салатите и сосовите. Дополнително, можете да почнете да го додавате во вашите пијалоци од зеленчук или овошје. Вообичаено, луѓето кои го конзумираат често го земаат 20-30 минути пред оброк, а доволни се 1-2 супени лажици.

Но, за што е корисно ова масло?

Намалување на телесната тежина

Олеинската киселина омега 9, линолната киселина омега 6 како и алфа-линоленската киселина омега 3 се корисни и ефективни како активатори на слабеењето. Можете да го додавате во јогурти или салати или да го конзумирате пред оброците.

Го штити кардиоваскуларниот систем

Лененото масло штити од различни заболувања поврзани со кардиоваскуларниот систем, го нормализира крвниот притисок, го намалува нивото на холестерол во крвта  а го подобрува и здравјето и еластичноста на крвните садови.

Одлично за женското здравје

Ова масло ги балансира женските хормони, а дополнително помага и за намалување на менструалните болки и симптомите во менопаузата.

За младост и убавина

Маслото од лен содржи хранливи и антибактериски својства и е одлично да се користи како дел од рутината за убавина -  чистење на лицето, за трепките и веѓите и е одлично за косата.