Маскиран разбојник ограбил аптека во Скопје

Маскиран разбојник ограбил аптека на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Како што информираат од МВР, грабежот бил пријавен вчера околу 19.10 часот во Единицата за информации и команда Скопје.

Крадецот со закана со физичка сила одзел 3.000 евра од дневниот промет и побегнал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.