Масимо за прв пат на голем open air концерт во Скопје

Со голема надеж дека лошите денови се зад нас, задоволство ни е да ви го најавиме вториот пост-ковид open air концерт во Македонија (само еден ден после концертот на Deep Purple), на 29-ти мај на стадионот на АРМ во Скопје. Авалон продукција реши да имаме вечер на отворено, овој пат за „Голем круг на големи луѓе“ со еден од најдобрите европски вокали во моментов, кој е светски, а наш- Massimo.

После неколку пати по ред распродадени: Универзални сали, МОБ, Македонска филхармонија, време е за голем open air на Massimo во Скопје. Сет листата ќе биде полна со хитови од целата негова кариера од „Dorian Gray“ и „Sjaj u tami“, па се` до последниот хит „Mali krug velikih ljudi“, кој се закити со наградата „Порин“ во категоријата „Песна на годината“ за 2021 година.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од петок, 01-ви април, низ продажните места во мрежата на Авалон и онлајн на avalon.mk, по следниве цени и категории: Партер: 900 денари, Фан пит: 1.200 денари, ВИП: 1.500 денари.