Две лица од Скопје биле нападнати на подрачјето на Кисела Вода.
Според пријавеното во Полициската станица Кисела Вода, 42-годишник, физички нападнал 30-годишник и 32-годишничка, и двајцата од Скопје. Настанот е пријавен вчера (04.12.2022), во 20 часот, соопштија од МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.