Машко и женско лице нападнати во Кисела Вода

Две лица од Скопје биле нападнати на подрачјето на Кисела Вода. 

Според пријавеното во Полициската станица Кисела Вода, 42-годишник, физички нападнал 30-годишник и 32-годишничка, и двајцата од Скопје. Настанот е пријавен вчера (04.12.2022), во 20 часот, соопштија од МВР.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.