„Машки бастион“ во старо Скопје, го паметите ли ова место?

Го паметите ова место? 

Денес е недела, во минатото овој ден скопјани го поминувале на скопскиот Автопазар. Автопазарот беше инстутиција или пак „машки бастион“, вака старите скопјани го почнуваат разговорот кога ќе се обидеш кај нив да го разбудиш сеќавањето на ова место.

Пазарот најпрво бил сместен на локацијата наспроти сегашната „Систина“, а потоа бил префрлен кај магацините на Фершпед во скопската населба Маџари. Функционирал во периодот на осумдесетите и деведесетите години од минатиот век. 

Пазарот работел сабота и недела, а деловите биле распослани на земја. По некогаш се наоѓало и некое убаво возило за продавање.