Март носи љубов за три хороскопски знаци

Март носи голема среќа во љубовта за родените во знакот Овен, Девица и Шкорпија.

Зафатените претставници на овој знак ќе имаат можност да ја оживеат страста и романсата во врската, а слободните можат да се надеваат на љубов од соништата. 

Овен

Овните ќе бидат успешни на сите полиња, а особено на полето на љубовта. Доаѓа до позитивни придвижувања на полето на љубовта, па ако сте во долга врска можно е да дојде и до запросување или пак заеднички живот. Ако сте во брак, вашиот семеен живот ќе биде одличен овој месец.

Работите се поволни и за слободните Овни, кои ги очекуваат повеќе додворувачи, но една посебна личност, различна од сите досега ќе им го освои срцето.

Девица

Девиците конечно малку ќе заборават на работата и ќе се фокусираат на љубовта. Наоѓате време повторно да ја откриете страста и да бидете романтични со саканата личност, што ќе ви донесе одличен фидбек од другата страна. Подготвени сте повеќе да вложите во врската, да и покажете на саканата личност дека ви значи и да бидете покрај неа.

Слободните Девици ги очекува стабилна личност, некој кого долго го барале покрај себе. Држете ги очите широко отворени.

Шкорпија

Ова е месец кога ќе заборавите на љубомората и кавгите со саканата личност и целосно ќе се опуштите и ќе уживате во љубовта. Ќе имате позитивна, лесна енергија која ќе ве прави постојано расположени за љубов.

Слободните Шкорпии размислуваат за личност од минатото и сакаат да и се вратат по секоја цена, но овој месец ќе го најдат најдобриот пристап за тоа по еден долг, но искрен разговор.