Марс во лав ќе собори три хороскопски знаци

 

Марс, познат како планетата на акцијата, храброста и страста, на 20 мај влезе во огнениот знак лав, каде што ќе престојува до 10 јули. 

Планетата Марс со својот борбен дух дополнително го зголемува и така силното влијание на лавот. Оваа комбинација „раѓа“ личност која е полна со самодоверба, храбра и одлучна во остварување на своите цели. 

Марс во лав го буди внатрешниот водач и борец. Тој тежи да остави трага и да биде запаметен. 

Храброст и нови предизвици

Луѓето со вака аспектиран Марс често имаат силна воља, способност да преземат ризици и храброст да се соочат со предизвиците. Тие се огнени, стравствени и ентузијасти во своите потфати, тежнеат да постигнат врвни резултати. Нивната енергија и ентузијазам може да бидат заразни, привлекувајќи ги другите и инспирирајќи ги да го следат нивниот пример. 

Марс во лав исто така носи креативност и уметнички дух. Овие личности се многу талентирани, се изразуваат преку уметност, перформанси или лидерство. Нивната страст и интензитет може да бидат видливи преку изразување на нивниот уметнички талент, без разлика дали станува збор за глума, танц, музика или пишување. 

Доминација или агресија

Сепак, важно е луѓето со оваа положба на Марс да бидат свесни за својата моќ и да ја канализираат својата енергија на конструктивен начин. Поради тоа важно е да се научи самоконтрола и да се најде рамнотежа помеѓу сомодовербата и вниманието кон другите.  

Во суштина, Марс во лав носи силна воља, храброст и страст за остварување на целите. Оваа комбинација на енергија се изразува низ креативност, лидерство и жар, создавајќи единствена личност која сјае и остава неизбришлив впечаток на светот околу себе. 

Марс во лав ќе има поволно дејство врз стрелците, лавовите и овните, а негативно ќе влијае врз биковите, водолиите и шкорпиите. 

Бик

Марс во лав ви носи земјотрес во семејството. Тоа се тензии, расправии, потреба за селење. Нема да бидете задоволни со семејниоте врски, а во фокус ќе биде врската со еден од родителите. Потребно е да се најде рамнотежа и компромис во семејните врски кои ви се важни. Бидете подготвени дека нешто може да се расипе во домот. 

Шкорпија

Марс во лав ви носи проблеми на работното место. Ќе имате проблем со авторитетите и проблем да го прифатите туѓото мислење. Ќе тежите кон промена на работата но под ваши услови. Поради тоа често ќе избиваат кавги бидејќи нема да сакате да попуштите, а секое туѓо мислење ќе го доживувате како критика. 

Водолија

Оваа позиција на Марс ви носи проблеми во бракот, но и проблеми во партнерските  (службени) врски. Ќе дојдете до заклучок дека разликите меѓу вас се големи, не можат да се надминат и не можете да најдете заеднички јазик. Тоа темпо ќе се задржи до 10 јули. Пробајте да не го осудувате партнерот за секоја грешка.