Мароканец физички нападнат и измамен од две лица кај Уланци

Во СВР Велес, А.А.А.Е. (33) од Мароко пријавил дека во близина на село Уланци, Општина Градско, две лица физички го нападнале и му одзеле пари, информира денеска Ристе Самарџиев портпарол на СВР Велес.

-Се работи на расчистување на случајот, појасни Самарџиев.