Марко Ацевски, генерален директор на G-CERTI: Влеговме на пазарот во Македонија за да понудиме квалитет, искуство како и меѓународни признаени сертификати

Компанијата G-CERTI од Скопје на  пазарот нуди сертификациони услуги за менаџмент системи врз основа на ISO стандарди, други технички стандарди како и обуки за истите. За тоа колку е важна имплементацијата на овој, но и останатите стандарди и за тоа колку сертификацијата и стандардизацијата може да го подобри работењето и конкуретноста на компанијата на пазарот во денешното интервју разговараме со Марко Ацевски, генерален директор. 

Кои услуги ги нуди G-CERTI и колку долго е присутна на пазарот во Македонија?

G-CERTI нуди сертификациони услуги за менаџмент системи врз основа на ISO стандарди, други технички стандарди како и обуки за истите. G-Certi е сертификационо тело кое поседува меѓународна акредитација, со повеќе од 50 канцеларии во Азија, Европа, Северна и Јужна Америка, а на македонскиот пазар е присутно 5 години. Причината поради која светски познатата корпорација G-CERTI се одлучи да влезе на македонскиот пазар е потребата на компаниите да се понуди квалитет, искуство како и меѓународни признаени сертификати наспроти напливот на сертификати кои се издаваат на т.н. брз начин и кои не поседуваат никаква акредитација ниту вредност. Го потенцирам со цел да ги едуцираме компаниите секогаш да одбираат акредитирано сертификационо тело, а во таа насока годинава го формиравме и започна со работа Центарот за Квалитет при Сојузот на Стопански Комори на Македонија.

Во претходниот одговор споменавте управување со квалитет и стандарди. Кажете ни нешто повеќе околу ова, за кои стандарди се станува збор? Кои од нив се најчесто застапени?

Тимот на G-CERTI е составен од обучени аудитори со соодветно образование, искуство како и кодови за проверка на голем број стандарди во широк спектар на индустрии. Нашето портфолио како ретко која друга компанија и сертификационо тело е прилично големо, како по бројот на клиенти така и по стандарди кој се под надзор на акредитација.

Најчесто застапени стандардите се оние кој се компатибилни за секоја компанија без разлика на дејноста т.е. ISO 9001:2015 – Систем за управување со квалитет, ISO 14001:2015 – Систем за управување со животна средина, ISO 45001:2018 – Систем за управување со здравје и безбедност при работа. Покрај нив нудиме и сертификација на стандардите ISO/IEC 27001:2013 – Систем за управување со безбедност на информации, ISO 22301:2019 – Систем за управување со деловен континуитет, ISO/IEC 20000-1 – Информатичка технологија Управување со услуги, ISO 22000:2018 – Систем за управување со безбедност на храна, ISO 21001:2018 - Систем за управување со образовни институции итн.

Колку воведувањето на Системот за менаџмент со квалитет во една компанија може да значи подигнување на квалитетот на работа и конкуретноста на компанијата?

Соодветна имплементација, редовно ажурирање овозможува системот да живее. Од еден таков систем, бенефитите се големи.

Системот за управување со квалитет се ориентира кон задоволување на барањата на корисникот, т.е. помага во обезбедување на продукти и/или услуги кои ги задоволуваат нормативите, помага во донесување на одлуки врз основа на документирани процедури и записи. Цел на секоја компанија е да обезбеди зголемени приходи, па така системот за управување со квалитет е алатка која овозможува зголемување на ефективноста, истовремено оптимизирајќи ги процесите  со идентификација на можностите за заштеда на трошоци.

Идентично е и со останатите менаџмент системи. Бенефитите од овие системи се многукратни, и се директни (заштеда на ресурси) и индиректни (зголемување на корпоративна култура, менаџмент на брендот како и самата вредност и перцепција за компанијата).

Каква е свесноста кај компаниите на пазарот во Македонија и во ЕУ за сертифицирање со ИСО стандарди?

Во Македонија недостасува промовирање на важноста на соодветно имплементирање на системите за управување и сметаме дека наша одговорност е да ја зголемиме свесноста на компаниите за нивното значење и кои бенефити произлегуваат од сертификацијата. 

Поседувањето на сертификат подразбира одреден влог кој компанијата треба да го направи за да воспостави долгорочен, оддржлив и ефикасен систем.

Што подразбира постапката за сертификација и какви бенефити во работењето на краток, среден и долг рок може да донесе тоа за една компанија?

Постапката за сертификација подразбира проверка дали компанијата ги исполнува барањата на посакуваниот стандарди издавање на сертификат доколку работните активности и документацијата на компанијата се во согласност со барањата на стандардот. За една компанија започне со  процес на сертификација, треба да го има поминаото процесот на имплементација кој може да се изврши од страна на самата компанија или пак со помош на стручни консултанти. Проверките ги реализираат нашите акредитирани аудитори, кои се специјализирани за конкретната индустрија на која припаѓа вашата компанија и самиот стандард.

Управувањето со ризици е составен дел од менаџмент со квалитет, колку тука може да се олесни, подобри и унапреди работата на економските оператори?

Управувањето со ризици опфаќа идентификација, анализа и одговор на факторите на ризик кои се дел од бизнисот. Конзистентен, системски и интегриран пристап кон управувањето со ризикот може да помогне да се одреди како најдобро да се идентификуваат, управуваат и ублажат значајните ризици. Затоа, ефикасното управување со ризик нуди потенцијал да се намали и можноста за појава на ризик и неговото влијание.

За крај која е вашата препорака до компаниите, колку за нив е значајно да ја препознаат важноста од стандардизирањето на работењето?

Препорака за сите компании кои ја немаат започнато постапката за сертификација на нивното работење е да инвестираат во неа. Сертификацијата обезбедува кредибилитет и доверба кај потрошувачите, засегнатите страни и другите деловни партнери, оптимизирани процеси, соодветно управување со ризик и зголемен профит. ИСО сертификацијата гарантира дека компанијата ги исполнува глобалните стандарди, преставува симбол со комапнијата ќе биде препознатлива на интернационалните пазари како и исполнет услов за националните јавни набавки.

И за крај, можеби и најбитната препорака, секогаш одберете акредитирано сертификационо тело.