Маркес: Не се труди толку, најдобрите работи се случуваат кога најмалку очекуваш

 

„Никогаш не престанувај да се смееш, дури ни кога си тажен. Некој можеби ќе се заљуби баш во твојата насмевка.“ Ова го напишал познатиот писател и Нобеловец Габриел Гарсија Маркес. Неговите најпознати дела се „Сто години самотија“ и „Љубов во доба на колера“, а неговите прекрасни дела и зборови продолжуваат да воодушевуваат и по неговата смрт. Прочитајте дел од нив:

„Стани подобра личност и биди сигурен дека знаеш кој си пред да запознаеш некој нов, надевајќи се дека таа личност знае кој си ти.“

„Не се труди толку, најдобрите работи се случуваат неочекувано.“

„Секогаш ќе има луѓе кои ќе ве повредат, па она што мора да го направите е и натаму да имате доверба, само двапати повеќе да бидете повнимателни во кого имате доверба.“

„Не плачи затоа што завршило. Смеј се затоа што се случило.“

„Можеш да бидеш само една личност на овој свет, но за некого ти си цел свет.“

„Вистински пријател е оној кој те држи за рака, а го допира твоето срце.“

„Те сакам не поради тоа што си, туку поради она што сум јас кога сум покрај тебе.“

„Само затоа што некој не те сака онака како што ти сакаш, не значи дека не те сака со целото свое битие.“

„Ниту една личност не ги заслужува твоите солзи, а таа која ги заслужува нема никогаш да те расплаче.“

„Најлош начин да ти недостасува некој е да седиш покрај него/неа и знаеш дека нема никогаш да го/ја имаш.“

„Немој да минуваш време со некој кој не се грижи дали ќе го поминува своето време со тебе.“