„Марката ја нема Дедо Мраз ја зема“...Чекав голем одмор за да ја оставам честитката во ранецот

„Марката ја нема Дедо Мраз ја зема“,...„Опа цупа марка скупа“....се сеќавам вака пишувавме на местото обележано за марки на новогодишните честитки.

Најубавите со светки ги давав на моите најверни другарки, штом заѕвонеше за голем одмор веднаш станував и чекав некоја од нив да излезе од училница за да и ја оставам честитката во ранецот...а, оние кои ми живееа во близина им ја оставав во сандаче или под чергичето..беше тоа едно време полно со убави спомени.

Топлината и убавината на новогодишните празници е во магијата на споделувањето среќа, а таа се шири и пренесува само со убави зборови. Затоа овие денови не штедете на убави мисли. Без да се двоумете напишете убава порака и споделете ја со оние кои ги сакате. Ако не сакате да испраќате честитки тогаш може да напишете убава порака на Фејсбук, Вибер...

Ова се нашите новогодишни предлози:

Кога се менуваат години две, нека ви донесат сѐ. Секоја желба што во срце ви се кова, нека ви ја исполни годината нова! Среќна Нова Година!

Среќата нека биде вечност во вашиот дом, љубовта вечен пријател, здравјето - непресушно богатство. Среќна Нова Година!

Нека Новата година ти ја осветли душата, ја исполни со најубави чувства и нека Бог ти подари сѐ што немаш а сочуваш сѐ што имаш и сакаш. Среќна Нова Година!

Во Новата 2019 ви посакуваме многу подароци под вашата елка, многу среќа во вашиот дом и уште повеќе љубов во вашите срца. Среќни празници!

Ако здравјето е најважно, среќата најпотребна а љубовта неопходна, искрено посакувам тоа да биде дел од вашиот живот во оваа Нова 2019година!

Спокоен сон, ведра мисла, добро здравје и љубов од саканите нека бидат само дел од убавите нешта кои ти ги посакувам во Новата година. Среќна Нова!

Во новата година имајте повеќе време за себе и своите блиски, бидете исполнети со љубов и здравје и имајте прекрасни доживувања. Нека е Среќна и бериќетна!

Ти испраќам стихови обвиени со снегулки и добрина, ти испраќам најубави желби во оваа ноќ што се капе во убавина *Среќна Нова Година!*